Реклама

Велешани „со краток фитил“ – нови тепачки вчера

tepacka1

Не престануваат тепачките во Велес. Полицијата вчера интервенирала во две физички пресметки. Едната се случила вчераутро околу 10 часот, кога велешанец пред неговата куќа бил на паднат од негов сограѓанин.

Zito akcija 640x289px

Втората тепачка се случила во селото Иванковци, половина час пред почетокот на полицискиот час. Таму се тепале „двајца на двајца“.

Agria

„На 18.05.2020 околу 18.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Иванковци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(59) и М.К.(56), од една страна и В.К.(51) и М.К.(24), од друга страна, сите од с.Иванковци“, соопштија од велешката полиција.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полицијата соопшти дека вчера е пронајден исчезнатиот 57-годишен велешанец, кој пред пет дена, по расправија со сопругата се оддалечил од својот дом.