Фудбалерите на Превалец по минатонеделниот неочекуван пораз на домашен терен од Питу Гули, им се вратија на победите. Денес во рамките на 14 коло од Третата фудбалска лига – Југ, тие на гостински терен го совладаа составот на Марена со резултата 1:0.
Содржината продолжува под рекламата
Во многу тврд натпревар, нијанси го одлучија победникот. Стрелец на победничкиот гол за Превалец беше Иванче Давитков во 35 минута од натпреварот.
Содржината продолжува под рекламата
По 14 одиграни кола, Превалец е на делба на втората позиција со Големо Коњари со освоени 26 бода, или четири бода помалку зад лидерот Борец. Веќе во следното коло Превалец гостува кај Големо Коњари.
Можеби ќе ве интересира: