Во среда политичките партии ќе ја потпишат декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Izbori-glasa-e
Izbori-glasa-e

Политичките партии во среда, ден пред официјалниот почеток на изборната кампања, ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза.

Zito akcija 640x289px

Потпишувањето на Декларацијата е традиционален настан што го организира Институтот Охрид од 2014 година и се одржува пред секои избори.

Agria

Декларацијата ќе ја потпишат претседателите и подмладоците на политичките партии.

„Потпишувањето на оваа Декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво“, посочуваат организаторите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: