Кајакарите на Кајак Кану Клуб Арка-Борец од Велс се вратија со вкупно осум одличја од Меѓународниот кајак натпревар кој викендов се одржа во Чачак, Република Србија.
Содржината продолжува под рекламата
Успеси постигнаа младите натпреварувачи на Кајак Кану Клуб Арка-Борец, кои беа доминантни во категоријата Пионери до 12 години. Прво место освои Андреј Апостолов, втор беше Димитар Драскачев и трето место Александар Мицевски.
Содржината продолжува под рекламата
Прво место освои Кристијан Лазаров во ктегорија Јуниори, бронзени медали освоија Благој Гугинов и Љубомир Спасиќ во категориите кадети и сениори.
За одбележување е и второто место на Ангел Станкоски во категорија туристи и сребрениот медал на Енис Небиоски во кетегорија Мастерс група (А).
Можеби ќе ве интересира: