Почна кампањата за претседателските избори. Седум кандидати во трка за местото на претседателската вила „Водно“. Кампањата ќе трае до 22-ри април на полноќ, а гласањето во првиот круг е на 24-ти април-среда, и е неработен ден.
Содржината продолжува под рекламата
На овие избори учествуват актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска од „Левица“, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, Бујар Османи од коалицијата „Европски фронт“, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, и Максим Димитриевски од „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“.
Содржината продолжува под рекламата
Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката Сиљановска-Давкова почнува со митинг пред зградата на Владата. Под мотото „Максимум за Македонија“ претседателскиот кандидат од ЗНАМ Максим Димитриевски најави дека од Крушево ќе води позитивна кампања, со непосредни средби со граѓани и два помасовни митинга. Кампањата на Стево Пендаровски почнува од Прилеп. Во Скопје денеска ќе биде промовиран Изборниот штаб на кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата. Пендаровски ќе ги посети и општините Кривогаштани и Крушево.
Можеби ќе ве интересира: