СДСМ бара од надлежните институции да утврдат одговорност за „лажните анкети“

sdsm dokumenti na vmro za anketi
sdsm dokumenti na vmro za anketi

СДСМ бара да има одговорност за скандалот со лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ, а, како што велат, нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, постојат основани сомневања за бројни злоупотреби кои треба да ги истражат надлежните институции.

Zito akcija 640x289px

„Разоткриена е цела една шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ, по насока на Извршниот комитет на партијата на седница одржана на 05.12.2023 година. Шема за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, за пласирање лажни вести, но и други активности“, потенцираат од СДСМ.

Agria

Како што посочуваат оттаму, во подрумите на Белата палата се договарале емисии за анализирање на анкети од ИПИС, се дефинирал составот на гостите на емисијата со 3 опозициски аналитичари дури имало и одговорен за ширење лажни вести преку т.н. „дувла“.

Откако Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС), кој во соработка со МРТ изминатиов период спроведе серија испитувања на јавното мислење во пресрет на двојните избори, вчера најави дека ќе поднесе тужби по обвинувањата кои ги изнесе СДСМ оти анкетите биле лажни и по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи и политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чија агенција во соопштението на Македонската радио-телевизија (МРТ) е посочена како една од ангажираните за спроведување анкети за јавното мислење. Арсовски вели дека тој и неговата агенција „Креатиф“ не се вклучени во спроведувањето на анкетите и во изведувањето на заклучоците од истражувањата, туку само во делот на анализа и коментар на податоците, односно бројките што ги подготвиле во ИПИС.

Во документот кој го објави СДСМ има и графа „ПР-медиуми“, при што е наведено месечно објавување на анкети, лажни вести, теренски активности, при што за анкетите во графата реализација е навeден Владимир Божиновски, а за креирање лажните вести, Коче Гаврилов.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека документот кој го објави СДСМ е фалсификат. Најавија тужба за клевета.

„Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДС е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста. Сметаме дека изворот на ваквите информации се од кујната на СДС кои очајнички прибегнуваат кон дезинформации, фалсификуваат документи соочени со претстојниот пораз“, рекоа меѓу другото од партијата на Христијан Мицкоски.

Уредувачкиот колегиум на Македонската радио-телевизија порача дека во нивните анкети се вклучени две реномирани агенции чии сопственици се Арсовски и Божиновски, а оти во емисијата гостуваат реномирани гости од општествено-политичкиот живот во земјава. Нагласуваат дека за ваквите партиско-политички притисоци и обиди за подривање на кредибилитетот на МРТ ќе бидат известени сите домашни и меѓународни медиумски организации како и амбасадите и Мисијата на ОБСЕ.

„МТВ во никој случај нема да влезе во дневно политичка пресметка на партиите во овој предизборен период. Уште еднаш апелираме политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис. Секое намерно и неосновано поткопување на довербата на граѓаните во јавните институции по дефиниција е штетен наратив. Во тој контекст, штетните наративи кон јавниот сервис растат во изборниот период“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: