Реклама

Агелер за можноста од уставни измени пред избор на влада: Овде e сè возможно

Angela ageler ambasador Makedonija

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Северна Македонија, Анџела Агелер верува дека на престојните парламентарни и претседателски избори ќе се одлучи иднината на државата. Во интервју за Телевизијата 21 запрашана за коментар на изјавите кои се почесто доаѓаат од партиите на Албанците, било од власта или опозицијата, дека прво треба да се изгласаат уставните измени, па потоа да се формира влада по изборите и дали тоа е можно, Агелер вели дека и во минатото имало преседани кога амандмани се изгласувале за време на техничка влада.

Zito akcija 640x289px

„Јас сум го слушнала тоа, сум слушнала неколку различни опции, за тоа како тоа би било возможно. Верувам дека имало преседани, не мислам пред декади, но имало преседани каде амандмани се изгласувале за време на техничка влада. Една од работите кои јас ги научив служејќи овде е дека сè е возможно“, вели амбасадорката во интервју за Телевизија 21.

Agria

Таа смета дека корупцијата е канцер во Северна Македонија и верува дека таа е епидемија, Во интервјуто луѓето кои се корумпирани ги изедначи со крадци.

„Па, верувам дека е епидемија. Канцер е во државава. Тие кои вршат корупција… Баш утринава размислував за ова. Тие луѓе се крадци. Крадат од државата и нејзините граѓани, рече Агелер во интервјуто.

Според неа тие лица ги крадат и можностите, но и надежта.

„Граѓаните заслужуваат да имаат чесни лидери, чесни деловни потфати и претприемачи и заслужуваат одговорност не само од тие кои ги избираат на власт туку и од тие кои ги снабдуваат со услугите кои ги заслужуваат во државава“, изјави амбасадоркта на САД Агелер.

Децидна е дека е потребна поголема храброст во борбата со корупцијата во земјава. Вели дека сега е одлично време да се постави прашањето за борба со корупцијата, алудирајќи на тоа дека земјава се наоѓа во предизборен период.

Можеби ќе ве интересира: