
Велешкиот футсал клуб КМФ Кеги Моби со реми ги заврши натпреварите во Првата македонска футсал лига  откако вчера во рамките на последното коло од футсал лигата одиграа 4:4 со КМФ Клими од Кавадарци. 
Содржината продолжува под рекламата
Домаќините имаа предност скоро во текот на целиот натпревар, а до ремито велешани дојдоа во последните  3 минути, кога со два брзи гола дојдоа до израмнување за конечни 4:4.
Содржината продолжува под рекламата
Кеги Моби сезоната ја заврши на 8 место на табелата со освоени 18 бода и негативна гол разлика од минус 42 гола.
Moжеби ќе ве интересира:
 
 
 
 



 
  
  
 












