Иако гостите од Кривогаштани поведоа на стадионот во Превалец, домашниот тим ги испрати со девет гола во мрежата.
Содржината продолжува под рекламата
Антонио Димоски од пенал во 14 минута донесе водство за Младост, а потоа следуваше потоп за гостите. До крајот на првиот дел Буковски израмни во 26 минута а водството за домашниот тим го донесе Ангел Гаштев. Во вториот дел уште погодија Давитков, Кочови и Секуловски по два пати, ауште еден погодок постигна Гаштев, за конечни 9:1.
Содржината продолжува под рекламата
По 16 одиграни кола Превалец е на делба на втората позиција заедно со Големо Коњари и Росоман. Следната недела се игра велешкото дерби каде Превалец гостува на стадионот „Зоран Паунов“ на екипата на Борец.
Moжеби ќе ве интересира: