ерниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го слават празникот Рамазан Бајрам. Овој празник муслиманите го слават по завршување на постите кои траеја цел месец, а во кој тие не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце. Месецот Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар, а воедно се смета за месец на почетокот на објавата на светата книга за муслиманите – Куранот.
Денеска празникот се означува со утринска молитва во џамија, а потоа верниците одат на гробишта за да ги посетат гробовите на нивните предци и блиски. Празникот прво им се честита на најстарите, а потоа и на останатите. Рамазан Бајрам се слави три дена.
На овој ден муслиманите им помагаат на сиромашните, на децата без родители и на осамените. Тоа, како што велат познавачите на исламот е должност на секој муслиман за овој празник.
Честитка за празникот прв упати поглаварот на Исламската верска заедница во земјава (ИВЗ), Шаќир Фетаи кој порача да престанат сите оружен конфликти во светот, да владее мир насекаде, бидејќи како што вели, само во мир човештвото може да оди напред кон нови случивања, за доброто на сите луѓе, без разлика на раса, пол, веросиповед или етничка припадност.
Денеска политичарите го честитаа празникот на муслиманските верници. Во нивните пораки, покрај честитките за почит и меѓусебно разбирање, не изостануваат и пораките дека земјата е посебна во регионот токму поради нејзиниот мултиетнички и мултиверски карактер.
Премиерот во техничката Влада Талат Џафери упари честитка за празникот во која му посака добро здравје на поглаварот на ИВЗ за вршење на благородната мисија што ја има, со која, како што додаде ги упатува на прав и чесен пат припадниците на исламската вера.
„Ви посакувам добро здравје и сила за вршење на благородната мисија што ја имате, да ги упатите на прав и чесен пат припадниците на исламската вера. А ние, како политичари, уште посилно ќе го поддржиме градењето на нашата заедничка држава, исполнувајќи ги правата и обврските на секоја заедница, за продолжување на успешната приказна на мултиетничка држава во регионот, којашто во ова време на глобалните предизвици се покажа како исклучително неопходна за семејството на европски држави. И верувам дека ќе продолжиме така кон вистинскиот пат. Честит Рамазан Бајрам!“, напиша Џафери во честитката до поглаварот на ИВЗ, Фетаи.
Moжеби ќе ве интересира: