(ФОТО+ВИДЕО) Доктор Арсовски: Отворен нов ургентен центар во велешката болница, згрижување на едно место за пациентите

Нова ургентна единица доби велешката болница со што сите граѓани нема да одат по сите одделенија, туку сите итни случаеви и сите пациенти ќе доаѓаат прво во ургентниот центар, кажа директорот на велешката болница Зоран Арсовски.

Zito akcija 640x289px

Арсовски додава дека компјутерската томографија работела континуирано, а има и комплетна дигитализација на одделот за радиологија со 24 часовна покриеност од 11 доктори радиолози од Универзитетската клиника за хирушки болести од Скопје.

Agria

Тој информира дека во постапка е набавка на нов стерилизатор, а реализирани се 63 вработувања на неопределено време со што се унапредени условите за подобар третман на пациентите во болницата.

Директорот потсети дека во изминатите неколку години во ЈЗУ Општа болница Велес имало инвестирање во инфраструктурата, како и дека се набавени повеќе врвни апарати.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: