Реклама

Дванаесет години од петкратното убиство кај Смилковско езеро

Денеска се навршуваат дванаесет години од едно од најгрозоморните убиства во историјата на државата. На 12 април 2012 година беа убиени пет лица со огнено оружје кај Смилковско езеро во атарот на село Смилковци, Скопје. Убиените беа на возраст од 18 до 21 година: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски. Беше пронајден мртов и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

Zito akcija 640x289px

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута.

Agria

Судењето за „Монструм” почна на 20 декември 2012 година. Во јуни 2014 година, шест обвинети лица беа осудени на доживотна казна затвор. На 24 ноември 2017 година, Врховниот суд ја укина пресудата и процесот го врати на повторно судење, а осудените беа ослободени од притвор.

Повторното отворање на случајот уследи по објавувањето на преслушуваните материјали, т.н. бомби од страна на опозицијата во 2015 година. Случајот го презеде СЈО и судењето почна од почеток во мај 2018 година. Во меѓувреме СЈО беше укинато, но истите обвинители продолжија да го водат случајот.

По изречените казни, петмината осудени во случајот „Монструм“ поднесоа жалби, но Апелацискиот суд во септември лани ги одби како неосновани и ги потврди првостепените пресуди.

Беа организирани протести на роднини на осудените, а политичари и политички субјекти најавија и меѓународна истрага за случајот.

Осудените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина тие досега не се екстрадирани во Македонија.

Moжеби ќе ве интересира: