Реклама

Силјановска Давкова од Тетово: Легитимитетот извира од граѓаните и ним им припаѓа

gordana siljanovska

Во Тетово ВМРО – ДПМНЕ синоќа организираше митинг на кој се претстави претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова и нејзината кампања „Македонија повторно горда“. Претседателската кандидатка Силјановска – Давкова истакна дека транзицијата во државата е една од најдолгите и претставува маратон без крај и дека треба да се поработи на европските стандарди.

Zito akcija 640x289px

„Извештаите покажуваат дека со оваа власт може да продолжиме само во циклично движење во еден хибриден режим, таков систем во кој има избори, има институции, ама институциите се слаби, изборите не се секогаш фер и демократски, ама најмоќните се премоќни. Секоја моќ се заканува да ве корумпира, апсолутната моќ ги расипа оние на врвот во сите институции. Згора кога на клучните позиции се најдоа луѓе без дигнитет, без авторитет, логично е-тие се опкружија со слични на нив, не со слични на вас. Затоа е заразна е корупцијата и криминалот“, стана системска, рече Силјановска Давкова.

Agria

Тогаш, продолжи таа, имаме формални носители на власта и вистински носители на власта.

„Тие одлучуваат кој на кое место ќе дојде, по послушноста до нив. Ќе бидеме европјани кога во оваа држава ќе има стандарди во владеењето на правото, во човековите слободи и права. Во заштитата на малцинските права, кога владеењето на правото ќе овозможи добра економија, кога ние ќе создадеме амбиенти за либерална економија“, истакна Силјановска Давкова.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ упати прашања до Пендаровски во врска со тоа какви планови „ковал во вила Водно со Артан Груби, Димитар Ковачевски и Али Ахмети пред неколку месеци поврзано со Кривичниот законик“.

„Овој чесниот Стево Пендаровски добро е да каже што правеше и какви планови коваше во вила Водно во присуство на Артан, Ковачевски и Ахмети пред неколку месеци поврзано со измените на Кривичниот законик и евентуална можна амнестија на поранешни политичари. Со која цел? Со цел да поминат на шверцерски начин уставните измени и да се прифати бугарскиот диктат, но истовремено да се амнестираат поранешни политичари кои ќе му нанесуваат штета или ќе имаат обид да му нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Стево Пендаровски треба на ова да одговори па потоа да дискутираме дали ќе одиме на дебата или нема да одиме од која патем кажано денес Стево како најголем кукавица избега“, рече Мицкоски.

Според него, секој еден граѓанин треба да знае дека, гласот за Стево е глас за Артан, Али, Талат и Ковачевски.

Moжеби ќе ве интересира: