„Паника“ премиерно изведена во велешкиот театар

Pretstava PANIKA

Двајцата млади актери, велешаните Стефан Николовски и Филип Христовски на маестрален начин ја донесоа претставата „Паника“, на нејзината премиера синоќа во велешкиот театар.

Zito akcija 640x289px

Текстот, напишан од финскиот писател Мика Мулуаху, е приказна за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти. Претставата зборува за еден од најголемите проблеми кај младите луѓе во денешницата, нивното ментално здравје.

Agria

Режисерот Александар Ивановски со својата постановска го доведуваше расположението на публиката од крајност, во крајност, од екстремна трогателност, до неконтролирани изблици на смеа. Вели дека иако одбрал млади актери, тие ја оправдале неговата доверба.

Драматургијата на претставата ја потпишува Катерина Момева. Со претставата „Паника“, велешкиот театар продолжува со одличните претстави оваа сезона.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: