Реклама

(ВИДЕО) Рацинови средби ќе има и годинава

Racinovi sredbi

„Рацинови средби“ годинава ќе има, но наместо во јуни, ќе се одржат наесен. Вака одлучил организацискиот одбор на оваа културна манифестација.

Zito akcija 640x289px

„Во услови на светска пандемија, едногласно се сложивме дека одржувањето на Меѓународната културна манифестација „Рацинови средби“ во 2020 година треба да се помести за  периодот од крајот на септември до евентуално крајот на октомври. Неизбежна е потребата од поинаква организација на „Рациновите средби“, но од друга страна е и можност за нивно модернизирање, осовременување и програмско збогатување“, рече градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

Agria

Според планираното, дел од содржините на манифестацијата треба  да се одржат во живо, доколку тоа го дозволат здравствените власти со целосно почитување на безбедносните мерки и пред најавениот зимски бран на Ковид–19, додека онлајн содржините можат да се одржуваат во тоа време и малку подоцна. На овој начин, наспроти досегашното дводневно одржување на „Рациновите средби”, манифестацијата ќе биде подолготрајно застапена тема во јавноста.

Се очекува со комбинирање на содржини во живо, со настани на интернет платформи да се овозможи светски познати поети по електронски пат да учествуваат на оваа врвна меѓународна поетска манифестација, а Општина Велес ќе обезбеди пренос во живо на Youtube каналот на општината, со отворена можност националните  телевизии да ги пренесуваат во живо.

На следната седница Одборот ќе одлучува за модифицирање на наградата „Антологија на болката”. Идејата е таа да биде книжевна награда, која ќе се доделува за најдобра песна, испратена на јавен конкурс.

„Потребата од висока поетска награда веќе подолго се наметнува како суштинска потреба и можност за давање поголемо внимание на Рациновата поетска нишка, која е примарна во Рациновото творештво. Со ваква награда би се постигнало афирмирање и на поетскиот Рацинов аспект, модернизирајќи ги и давајќи им нов и свеж лик  на „Рациновите средби“, без притоа да бидеме конкуренција на Струшките вечери на поезијата”, рече Коцевски.

Тој информираше дека Организацискиот одбор донесе одлука „Почесното Рациново признание“ за 2020 година да го добијат проф. д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и проф. д-р  Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.

Проф. д-р Фридман е познат светски лингвист, македонист и славист, редовен професор по славистика и балканистика на Универзитетот во Чикаго и афирматор на македонскиот јазик, лингвистика и македонистика во целина, како во САД, така и во светот.

Проф. д-р Линдстет е професор по филологија  на Универзитетот во Хелсинки од 1986 година, учесник во проектот „Денешната лингвистичка мапа на западниот дел од регионот Виа Игнација”, раководител и главен истражувач на значајниот проект „Кониковско евангелие” и на многу други проекти.

„Научните истражувања и на двајцата добитници покажуваат дека македонскиот јазик  и неговите дијалекти се афирмираат во светските научни центри, односно македонскиот јазик се афирмира како посебен јазик и претставува предмет на исклучително научно интересирање поради својата поврзаност со балканските јужжнословенски и несловенски јазици”, рече Коцевски.