Реклама

Бисинов Фруитленд на чекор до ракометната суперлига

Ракометарите на Бисинов Фруитленд ја забележаа и 20-та победа во ракометната Прва лига и остана единствен тим со максимален учинок. Вчера во Велес рутински го совладаа тимот на Шампион со резултат 35:23.

Гостите од Скопје кои се последнопласирани на табелата, дадоа отпор само во првите десетина минути. Од тој момент предноста на велешани само постепено се зголемуваше, а тренерот Никола Бисинов им даваше шанси и на помладите играчи.

Zito akcija 640x289px
Agria

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Мартин Иванов имаше свое гол шоу и постигна 11 погодоци. Кај гостинскиот состав најефикасен беше Стефан Огненовски со десет гола.

Moжеби ќе ве интересира: