Гласањето на сите избирачки места се одвива мирно, а одзивот на гласачите до 13 часот, на првиот круг од претседателските избори изнесува 24,92 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на прес конференцијата во 13:30 часот.
Обработени се податоците од 3.416 избирачки места од вкупно 3.508 во општините на територијата на целата држава. Одѕивот на гласачите до 13 часот е 26,35 отсто. Најголем излезност има во општина Новаци – 42,87 одсто, а најмал во Врапчиште – 10,18 одсто.
До 13 часот во ДИК се пристигнати 140 приговори за правото на гласање. Од нив, 16 се прифатени, што значи дека тие лица ќе може да гласаат, 9 се одбиени, 8 се оттфрлени како неуредни, а другите се во обработка.
Moжеби ќе ве интересира: