Реклама

Вечерва премиера на „Мац, мац” во велешкиот театар

„Мац, мац” е насловот на претставата, која работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив” од Тенеси Вилијамс, а во режија и кореографија на Филип Петковски, премиерно ќе биде изведена вечерва, во 20 часот, во велешкиот театар.

Во претставата играат: Ведран Чешарек, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Zito akcija 640x289px
Agria

Претставата „Мац, мац” е копродукција на независната театарска група „Пресврт“, Театарот „Ј.Х.К. Џинот” – Велес, како и германскиот Гете институт, а покрај Македонија, во реализацијата учествуваат и Германија и Косово. Музиката е на Мориц Вернер (Германија), сценографијата на Дардан Жегрова (Косово) и Филип Петковски, костимографијата на Антонија Гугинска-Јорданоска и Гордана Божиновска, светлосниот дизајн е на Милчо Александров, танцов репетитор е Стефани Шаршмидт (Германија), фотографијата и камерата се на Марко Марјановиќ, монтажата на Борјан Стојков, а визуелниот дизајн на Ивана Мојсовска-Головска.

Можеби ќе ве интересира: