Реклама

Сопственик на говедо бил физички нападнат откако неговото говедо влегло во туѓ имот

govedo

Физички напад помеѓу двајца велешани се случил вчера кај велешка бабуна. Според пријавителот причина за нападот била што едно од говедата влегло во дворот на неговата импровизирана куќарка

Zito akcija 640x289px

„На 27.04.2024 во СВР Велес, И.И.(56) од Велес пријавил дека додека напасувал говеда во
место викано „Бабуна“ во Велес бил физички нападнат со дрвен предмет од Ж.К. од Велес.
Според пријавеното, причина за нападот била што едно од говедата влегло во дворот на
неговата импровизирана куќарка“, велат од СВР Велес.

Agria

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира: