Од вечерва по полноќ ќе поскапи мазутот за 2,107 денари по килограм, додека дизел горивото и бензинот од 98 октани ќе поевтинат за 0,5 денари за литар. Цената на бензинот од 95 октани не се менува. објави Регулаторната комисија за енергетика.
Цените ќе важат од полноќ. Дизелот и екстра-лесното гориво ќе чинат по 75,5 денари, додека супер бензинот ќе има нова цена од 89,5 денари. Бензинот 95 останува со иста цена од 87,5 денари за литар , додека мазутот ќе поскапи за над два денари по килограм и од полноќ ќе се продава за 46,661 денари за килограм.
Според образложението, промената на цените е поради минималното намалување на референтните цени на светските нафтени берзи за бензините и дизелот. Единствено зголемување на берзанските цени е регистрирано за мазутот.
Moжеби ќе ве интересира: