Арсовски и Лукаревска на средба со жителите на Градско

На 24-ти април граѓаните нѝ пратија силна порака и ние ја слушнавме таа порака. Ја прифаќаме одговорноста. СДСМ ќе мора да се промени ако сака да ја врати довербата на граѓаните. Но, доколку некој мисли дека ќе се откажеме од борбата, се лаже, им порачаа денеска на жителите на Градско кандидатот за пратеник од СДСМ, Зоран Арсовски и носителката на листата во третата изборна единица Сања Лукаревска.

Zito akcija 640x289px

„СДСМ сè уште е силна партија. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија. Изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки. Но, резултатот сè уште не е одлучен. Ние како партија сме обединети и ќе продолжиме да се бориме за она во што веруваме. Никогаш нема да се откажеме од европската иднина на нашата држава. Можеби плативме голема цена за тоа, но ние веруваме во таа иднина и веруваме дека тоа е единствениот начин за промена и за да обезбедиме животен стандард каков што нашите граѓани заслужуваат. Тоа е единствениот начин да ја промениме катастрофалната состојба во нашиот судски систем и да го направиме поправеден“, порача Арсовски.

Agria

СДСМ секогаш била рамо до рамо со граѓаните, за време на сите економски кризи, докажувајќи дека ние сме единствените на кои може навистина да им веруваат, рече носителката на листатат Сања Лукаревска.

„Никогаш нема да се откажеме од нашите социјал-демократски вредности. Никогаш нема да се откажеме од правична инклузија на Албанците во Македонија. Инклузија, која се базира на споделување на истите европски вредности и истиот македонски јазик, а не само врз основа на искористување и конзумирање на државните ресурси. Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8-ми мај, треба да сфатат дека одлучуваме за иднината на државата“, рече Лукаревска.

Според нив, ако десничарска партија добие преголема моќ, земјава може да се соочи со унгарско сценарио, кое ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство.

„Тензиите со Албанците може да нè вратат назад во грдото минато. ВМРО ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Реакција на меѓународната заедница која ќе ја доведе во прашање европската иднина на нашата држава. СДСМ има само една опција – да застане зад граѓаните кои веруваат во европска Македонија и кои се борат за таа иднина. Ја разбравме пораката на граѓаните. Ние сме обединети и ќе останеме заедно – нема да дозволиме некој да нѝ ја земе партијата или да ја распадне државата. Никогаш нема да се откажеме од она во што веруваме и ќе се бориме сè додека не успееме тоа да стане реалност“, порачаа Арсовски и Лукаревска попладнево на средбата со жителите на Градско и ги повикаа на 8 мај да гласаат за СДСМ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: