Уште една висока победа забележа лидерот на табелата во Општинската фудбалска лига – Велес, екипата на Башкими од Јаболчиште. Викендов повторно беше убедлив и го совлада составот на Форца Нова на домашен терен.
За издвојување е исклучувањето од лигата на екипата на Согле, која во последните три натпревари не се појави на теренот два пати. Согле не се појави на домашен терен против екипата на Чашка, по што гостите го добија натпреварот со службени 3:0.
На останатите натпревари Мартолци и Топлка ги поделија бодовите одигрувајќи 2:2, а со истиот резултат одиграа Горски и Илинден. Натпреварот Бофомила – Бабуна е одложен, додека слободна беше екипата на Младост. До крајот на првенството остануваат да се одиграат уште три кола.
Можеби ќе ве интересира: