Денеска нè очекува претежно сончево и топло време. Ќе биде до умерено облачно и ќе дува слаб до умерен ветер главно од југозападен правец. Попладне, според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од 4 до 10 Целзиусови степени додека максималните ќе достигнат од 18 до 27 степени. Во Велес ќе биде сончево со мала облачност и температури до 27 степени.
Според метеоролозите денеска при крајот на денот и вечерта, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Препорака е во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност, конкретно, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Можеби ќе ве интересира: