Реклама

Филипче им честиташе на победниците на изборите и најави длабока внатрешна реорганизација во СДСМ

venko filipce

Поранешниот министер за здравство и иден пратеник во Собранието, Венко Филипче се огласи по изборните резултати. Тој им се заблагодари на сите кои му ја дале поддршката на изборите и на сите оние кои напорно работеле со него и го поддржувале во кампањата.

Zito akcija 640x289px

„Во кампањата ветив конкретни работи и активности кои започнувам да ги реализирам уште веднаш. Започнувам со активности и како претставник на граѓаните во Собранието, но и како член на СДСМ меѓу членовите и симпатизерите“, истакна Филипче.

Agria

Носителот на пратеничката листа на СДСМ во изборната единица 4 најави дека неговата партија во следниот период ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа и реорганизација.

„Верувам дека набрзо одново ќе победува и врати достоинството и угледот кој како партија го заслужува. Од поразите секогаш е најважно да се извлечат поуки, само така поразот може да се претвори во победа. Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците на изборите и да им посакам успешна работа. СДСМ секогаш ќе биде тука како коректив на владините политики и сите општествени текови“, посочи Филипче.

Од ИЕ4 СДСМ ќе има најмногу пратеници во Собранието. Покрај Филипче, тоа Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска и Борче Цветков.

Откако неколку членови и партиски функционери во СДСМ како Фатмир Битиќи, Перо Костадинов и Тренчевска си поднесоа оставки, својата оставка вчера ја даде и потпретседателката на партијата, Сања Лукаревска.

Филипче од претходно ја напушти функцијата потпретседател на СДСМ, каде што екс-лидерот Зоран Заев го кооптираше веднаш откако доби нов лидерски мандат на првите непосредни внатрепартиски избори.

Можеби ќе ве интересира: