Со денешната средба меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерите на 21 партија во коалицијата „Твоја македонија“ почнуваат преговорите за состав на новата влада.
Од понеделник Мицкоски најави разговори со партиите од опозицијата кои би нашле заедничка точка на поврзување со ВМРО-ДПМНЕ со намера „секому да му дадат шанса“.
Според роковите во Уставот, владата би требало да биде предложена најдоцна до крајот на јуни. Таа треба да биде изгласана со мнозинство од 61 пратеник од вкупно 120 во Собранието.
Можеби ќе ве интересира: