Реклама

Отворена нова продавница на Жито Маркети во Велес

Жито Маркети со задоволство известува дека го започнува мај со својата најнова продавница
на плоштад „Којник“ во Велес. Просторот, кој е распределен на две нивоа со вкупна површина
од приближно 140 метри квадратни, е внимателно дизајниран за да одговори на потребите на
жителите од овој дел на градот.

Новиот маркет им овозможува на жителите од Велес и околината да го направат своето
секојдневно пазарење блиску до дома, нудејќи исклучително разновиден асортиман од
различни категории производи дополнувајќи го со реномираниот приватен бренд 5ка.

„Оваа продавница е сведоштво за нашата непрекината посветеност кон обезбедување на
квалитетна услуга и удобност за нашите клиенти. Секогаш се стремиме да ги задоволиме и
надминеме очекувањата на нашите потрошувачи со понуда на широк асортиман на производи
и специјални промоции“, изјавија од менаџментот на Жито Маркети.

Продавницата располага со две наплатни каси за оптимална ефикасност и удобност на
купувачите. Работното време е од понеделник до сабота, од 07:30 до 21:30 часот, додека
недела останува неработен ден.

Жито Маркети останува посветен на негувањето на силна врска со своите купувачи, нудејќи
бројни понуди и подароци кои го одразуваат нашето признание за нивната лојалност.

Zito akcija 640x289px

ПР ТЕКСТ

Agria

Можеби ќе ве интересира: