Вчера во вечерните часови во кругот на Општа болница Велес настанал пожар во паркирано патничко возило. Екипа на Територијалната противпожарна единица Велес брзо реагирала и спречила проширување на пожарот. Настанот го потврдија и од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
„На 13.05.2024 во 21.55 часот, полициски службеници од СВР Велес забрележале дека на
паркинг просторот пред Општа болница Велес настанал пожар во паркирано патничко
возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Н.П.(67) од Велес, соопштија од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Сопственикот не се сомнева за причините за настанување на пожарот и се откажал
од вршење увид.
Можеби ќе ве интересира: