Фудбалерите на Борец со победата над Локомотива од Градско со резултат 6:0, ја завери титулата во Третата фудбалска лига – Југ и обезбеди пласман во бражот за влез во Втората фудбалска лига, а ги испрати гостите од Градско во понизок ранг на натпреварување.
Текстот продолжува под рекламата
Резултатот го отвори Александар Јордановски во 13 минута, а во 16 минута веќе беше 2:0 со голот на Кристијан Маневски. Во вториот дел голеадата ја продолжи Александар Михајлов, младиот Матеј Панов и двапати стрелаше Стојанче Костадиновски.
Текстот продолжува под рекламата
По натпреварот пеше доделен шампионскиот трофеј на капитенот Кирил Ивановски. Утре во просториите на ФФМ ќе се одржи ждребање на кое ќе се одлучи кој ќе биде противникот на велешани во баражот за влез во Втората фудбалска лига. Потенцијални противници се Куманово, Вардарски, Кораб, Влазерими, како и 14 пласираниот тим од Втората лига, екипата на Победа.
Можеби ќе ве интересира: