Музичко поклонение кон великаните

По повод чествувањето на денот на сесловенските и македонски просветители, светите Кирил и Методиј, на 23 мај годинава, бендот, „Петар Марков квинтет“, ќе настапи на прославата организирана од Повардарската епархија, во велешката црква, посветена на нејзините патрони.

Текстот продолжува под рекламата

Од бендот ветуваат одлична забава и добар концерт, кој ќе биде вистинско освежување за Велес и велешани.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

„Ни претставува особена чест и радост што сме повикани на ваков вид на прослава, во која ќе им оддадеме почит на нашите просветители, кои со своето дело културно и духовно го задолжија светот. Истовремено, Ве повикуваме сите да дојдете и да ја проследите целокупната културно-уметничка програма во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, која ќе се случува на 23 мај со почеток во 20 часот“, вели лидерот на бендот, велешкиот гитарист Петар Марков.

Бендот „Петар Марков квинтет“ ќе настапи во состав: Петар Марков на гитара, за тапаните и перкусиите е задолжен Павел Ренџов, на пијано Давор Јордановски, кавалот ќе биде дело на Алекс Петковски, а Симеон Будро е басистот на квинтетот.

Можеби ќе ве интереисра:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: