Реклама

Од ноќеска на полноќ нови цени на горивата

gorivo-benziska

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16 % во однос на одлуката од 20.5.2024 година.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 82,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 84,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73,0 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,176 ден/кг и сега изнесува 42,453 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира: