Видевски го смени исказот, тврди дека е невин

bORE vIDEVSKI
bORE vIDEVSKI

Еден од осомничените за грабнувањето и убиствата на 14 годишната Вања и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски, Боре Видовски денеска во Врховниот суд по повод жалба за неговиот притвор, го смени исказот даден во Oбвинителство и тврди дека е невин, пренесува Сител.

Zito akcija 640x289px

Боре Видевски, преку неговиот адвокат Бојан Манев од Велес побарал мерката притвор да му биде заменета со куќен притвор бидејќи истрагата е завршена, а не постои опасност од бегство или влијание врз сведоци. При тоа тој тврдел и дека не е инволвиран во грабнувањата и убиствата. 

Agria

Врховниот суд, сепак, ја одбил жалбата на Видевски.

Од Обвинителството пак, велат дека новото тврдење на осомничениот не влијае за постапката, а првичниот исказ останува доказ.

„Во текот на постапката осомничените можат да ги менуваат исказите меѓутоа првично дадените искази се снимени. Дополнително, таквите искази одговараат на останатите материјални докази обезбедени од обвнителите и можат да се користат како доказ во понатамошната постапка“, велат од Обвинителството за Сител.

За грабнувањето и убиствата на Вања и Жежовски осомничени се 4 лица – сите во притвор, меѓу кои Љупчо Палевски Палчо кој неодамана беше екстрадиран од Турција. За помагање во грабнувањето на Вања е осомничен и нејзиниот татко, кој пак е во куќен притвор.  Адвокат од Струмица пак, е осомничен дека му помагал на Палчевски да избега во Турција, но тој е само со мерки за претпазливост.

Истрагата за случајот е завршена, се чека обвинителниот акт. 

Извор на веста: Sitel.com.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: