Во текот на вчерашниот ден во два одвоени случаи, полициски службеници на СВР Велес лишија еден велешанец и еден скопјанец кај кои е пронајдена бела грутчеста материја и марихуана.
Текстот продолжува под рекламата
На 29.05.2024 во 14.15 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ во Велес, полициски
службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од
слобода Т.М.(51) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста
материја, известија од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
„На 29.05.2024 во 21.00 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода В.С.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија“ стои во соопштението на СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настаните против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: