Велешката полиција приведе четириесет и двегодишен маж од велешкото село Сојаклари кој крадел во фирмата во која работел.
Текстот продолжува под рекламата
Како што информираат од СВР Велес, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека ги одзел од фирма во Велес во која бил вработен.
Текстот продолжува под рекламата
Одземеното било вратено на сопственикот, а А.Н. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: