Реклама

Јордан Витанов вечерва ќе ја добие наградата за животно дело на  МТФ „Војдан Чернодрински“

Со претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје и со доделувањето на наградите за животно дело на актерите Мими Таневска Србиновска и велешкиот актер, Јордан Витанов, вечер во Прилеп, во Домот на културата „Марко Цепенков“, ќе биде отворен 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот ќе се одржува до 14 јуни под мотото „Промени се, промени сѐ“.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Во „Ново читање на класиците“ ќе се одиграат претстави кои имаа авангарден пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот. Во оваа конкренција ќе настапи и велешкиот театар со претставата „Едвард втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак.

Можеби ќе ве интересира: