Јордан Витанов ја доби наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“

Jordan Vitanov Nagrada Prilep
ФОТО: ИНФОКОМПАС

Со доделување на наградите за животно дело на актерите Јордан Витанов и на Мими Таневска-Србиновска, и со првата претстава во конкуренцијата, „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје, вечерва во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е отворен 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Годинава фестивалот се одржува под мотото „Промени се, промени сѐ“.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Театарот е вечна промена. Логото е многу погодено, а театарот никогаш не се задоволувал со некои свои комотни позиции. Постојано истражувал, барал нешто ново, препорачувал нешто ново, нудел општествени модели и секакви други“, рече Јордан Витанов, добитник на наградата за животно дело.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“.

Во „Ново читање на класиците“ ќе се одиграат претстави кои имаа авангарден пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот. Во оваа конкренција ќе настапи и велешкиот театар со претставата „Едвард втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: