Реклама

Усвоена реорганизацијата на министерствата со 88 гласа „за“, ја поддржаа и пратениците од ДУИ

Новиот Парламент утринава ги изгласа законските измени со кои се воведуваат нови и се прави реорганизација на дел од постоечките министерства. Со 88 гласа „за“ и 22 „против“ беа поддржани измените, со кои се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Zito akcija 640x289px

За измените гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, како и на Европскиот фронт предводен од ДУИ. Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека се одржала средба меѓу претставниците на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Европски фронт. На средбата присуствувале Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата Европски фронт беа Мендух Тачи, Блерим Беџети, Фатон Ахмети и Елми Азири. На средбата се разговарало за предложените измени на Законот за организација на работата на органите на државната управа, во кој случај ВМРО-ДПМНЕ образложил дека измените на законот, кои треба да донесат поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација.

Agria

Колку за потсетување, ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ заедно имаат мнозинство од 78 пратеници.

Расправата за донесување на законското решение со кое Владата наместо досегашните 16 ќе има 20 министерства траеше до 2:30 часот по полноќ. На ваквото носење жестоко се противеа пратениците на СДСМ и Левица.

На расправата за Законот пратениците од СДСМ предупредија дека со оваа реорганизација на министерствата и државната управа не се прави реформа туку таа е политички мотивирана за задоволување на потребите на новата владината коалиција. Посочија и дека не се предвидува колкава ќе биде финансиската импликација, а Законот се носи без анализа и дебата.

Пред да се донесат измените на законот имаше дебатата во Комисијата за политички систем.

Претходно пратениците ја усвоија потребата од носење на Законот за реорганизација на државната управа. Мандатарот Мицкоски образложи дека ова се прави за да има функционална и ефикасна Влада што ќе спроведе реформи. Платформата за борба против корупција, пак, реагираше за отсуство на консултации.

Можеби ќе ве интересира: