Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 % во однос на одлуката од 7.6.2024 година.
Текстот продолжува под рекламата
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Текстот продолжува под рекламата
Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,734 ден/кг и сега ќе изнесува 42,475 ден/кг.
Можеби ќе ве интересира: