понеделник, 24 јуни, 2024
Реклама

Учебната година заврши за средношколците, основците ќе имаат настава до 17 јуни

ucenici na nastava

Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

И основците и средношколците првпат годинава имаа пролетен распуст од 29 април до 6 мај 2024. Матурантите во изминатите две саботи ги полагаа двата екстерни испита од државната матура и резултатите треба да ги очекуваат најдоцна до 8 јули.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

На полуматурантите, пак, овој месец им претстои запишување во средно образование. Пријавувањето и запишувањето на учениците во јунскиот уписен рок ќе биде во две пријавувања. Според Конкурсот за запишување во средно образование, првото електронско пријавување ќе биде од 20 до 25 јуни и второто на 1 и 2 јули.

Можеби ќе ве интересира: