понеделник, 24 јуни, 2024
Реклама

Годишнина од смртта на Коста Солев Рацин

Koco racin

Денеска се одбележуваат 81 година од загинување на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

Zito akcija 640x289px

Рацин загина на 13 јуни 1943 година во месноста Лопушник, кичевско, во близина на партизанската печатница. Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен.

Agria

Телото на Рацин било погребано во близина на печатницата во Лопушник, од каде што, по ослободувањето, неговите посмртни останки биле пренесени во родниот Велес.

Кочо Рацин е и еден од основоположниците на современата македонска литература.

Најпознато негово дело е збирката песни “Бели мугри” која претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.

Роден е во Велес на 22 декември 1908 година.

Можеби ќе ве интересира: