Мицкоски: Заклетвата ќе ја дадам со уставното име на државата, а ќе го користам и во странство

mickoski

Мандатарот Христијан Мицковски на прашање на интервју во вестите на тв Сител отворено без заобиколување кажа дека на заклетвата кога ќе стане премиер во собранието ќе го користи уставното име (Република Северна Македонија) и со тоа ќе го затворел ова прашање кое е многу актуелно по одбивањето на новата председателка Силјановска на заклетвата а и подоцна во секоја прилика да одбегнува да го користи уставното име со додавката Северна по договорот со Грција познат како Преспански договор .

Zito akcija 640x289px

„Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние сами да ги кршиме,“ изјави Мицкоски, нагласувајќи ја важноста на правната држава и примената на законите од страна на сите граѓани, вклучувајќи ги и политичарите.
Мицкоски дополнително објасни: „уставното име на државата е јасно, не треба сега тука ние да имаме двојни стандарди да се чувствуваме пред граѓаните неодговорно или да ги доведуваме во заблуда, се знае кое е уставното име тоа е со придавката“.

Agria

Мицковски со ова нема да го следи ставот на председателката Гордана Силјановска Давкова која на залчетвата изговори само Македонија а по жестоките реакции на меќународната заедница пред се од соседна Грција во неколку наврати во странство државата ја нарекува мојата земја,нашата држава и слично но никако не го употребува уставното име Реппублика Северна Македонија упорно бранејки се дека е тоа нејзино прави и не го крши уставот.

На 5 јуни, Мицкоски кажа дека во говорите нема да го употребува името Северна Македонија, а сите документи и закони ќе ги потпишува со уставното име.

„Целокупната институционална комуникација која е дел од Уставот и законите ќе биде почитувана сè додека тие закони се на сила. Но, во моите изјави името ќе биде Македонија“, рече тогаш Мицкоски на прес-конференцијата во Собранието по поднесување на предлог-закон за реорганизација на Владата односно формирање нови министерства.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: