Фудбалскиот клуб Борец денес го засили својот стручен штаб, со нов кондиционен тренер. Официјализирана е соработката со Фитнес клубот „Collectivemk“ , тренерот Дејан Стојевски и неговите соработници.
Текстот продолжува под рекламата
Тие ќе бидат задолжени да ја подобрат физичката подготвеност кај фудбалерите, но и да работи на превенција од повреди. Стартот на кодиционите подготовки се закажани за 20 јуни, додека официјалниот почеток на припремите на тактичко техничкиот дел за новата сезона шефот на стручниот штаб Љупчо Димитковски – Гањо го закажа на 3 јули.
Текстот продолжува под рекламата
Од клубот потврдија дека веќе се договорени неколку подготвителни натпревари, со цел воигрување на тимот пред стартот на новата сезона во Втората фудбалска лига.
Можеби ќе ве интересира: