Советникот Даниел Јаневски е новиот претседател на Советот на Општина Велес. Ваква одлука донесе Советот на денешната седница откако од функцијата претседател се повлече Зоран Љутков.
Текстот продолжува под рекламата
„Честа е голема, но исто така е голема и одговорноста што ја носи оваа функција! Можам да ветам дека функцијата ќе ја обавувам максимално посветено и непристрасно. Соработката со Градоначалникот Марко Колев ќе продолжи да биде на високо ниво, затоа што имаме заедничка цел и обврска да спроведуваме одговорни политики, работиме транспаренто, исклучиво во интерес на граѓаните на Општина Велес“, рече новиот претседател на Советот на Општина Велес, Даниел Јаневски.
Текстот продолжува под рекламата
Даниел Јаневски има 41 година и е дипломиран економист на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ , на насока Надворешна трговија. Тој е оженет и е татко на две деца.
Можеби ќе ве интересира: