Со доделување на Почесното Рациново признание за 2024, синоќа во Амфитеатарот во Велес заврши 61. издание на поетската манифестација „Рацинови средби“.
Текстот продолжува под рекламата
Почесното Рациново признание за 2024 година беше доделено на Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија, а се слушаше поезијата на дваесетина автори од Македонија, Србија, Италија и Бугарија кои уште еднаш му оддадоа почит на бесмртниот Рацин.
Текстот продолжува под рекламата
Оваа година се одбележуваат под слоганот „Рацин – македонска меморија“. Рациновото признание отиде во рацете на писателката Фросина Пармаковска за романот „Се уште можам нешто да сторам“.
Можеби ќе ве интересира: