Најзалудно потрошени четири часа од мојот живот беше читањето на програмата на мандатарот Христијан Мицкоски и биографиите. Ова го изјави во Собранието, лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Она што го имаме уште на првата страна сѐ ми кажа, еве нека види јавноста, во три реда, на пет места пишува ‘Република Северна Македонија’“, рече Апасиев.
Додаде дека по она што ВМРО-ДПМНЕ му го направила на народот во предизборието, требало да додаде и едно „и“ во името, па државата да биде Република СеверИна Македонија“.
„Го изду*ивте народот со тоа што му го ветувавте на избори“, додаде Апасиев.
Можеби ќе ве интересира: