61-годишен маж од Велес е лишен од слобода откако физиќки ја нападнал од него четири години помладата 57-годишната невенчана сопруга, информираат од СВР Велес.
„На 23.06.2024 во 21.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода
В.М.(61) од Велес, по претходна пријава од неговата 57-годишна невенчана сопруга дека во
семејниот дом по кратка расправија физички ја нападнал„ се вели во полицискиот билтен.
Од СВР Велес потенцираат дека В.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: