Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на литар еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари, за два денари по литар се зголемуваат цените на еуросупер БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство, а дизелот поскапува за 2,5 денари по литар.
Текстот продолжува под рекламата
Од ноќеска на полноќ бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава по 82,5 денари за литар, литар еуросупер БС-98 ќе биде 85 денари, а новата цена на дизелот ќе биде 76,5 денари за литар.
Текстот продолжува под рекламата
Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 75 денари за литар, а се зголемува и малопродажната цена на мазутот кој од полноќ ќе се продава по цена од 46,720 денари за килограм.
Можеби ќе ве интересира: