По само една година во Третата лига, велешката гордост, Фудбалскиот клуб Борец 1919 се врати во Втората фудбалска лига. Симпатизерите на клубот со нетрпение чекаат новости, со какви амбиции и ростер ќе настапи во тековната сезона. Батали.нет направи интервју со претседателот на клубот Марјан Нацев кој ни откри дел од активностите на Борец 1919 АД.
Текстот продолжува под рекламата
Борец 1919 АД, по една година се врати во Втората лига, кои се плановите на клубот?
„Со победата против Влазерими во бараж натпреварот, Борец 1919 АД се врати во Втората фудбалска лига. Според името и квалитетот кој го имаме местото ни е таму. Секако нема да застанеме тука, имаме јасни цели и се движиме по зацртаната линија на развој, да го направиме Борец да биде уште посилен, стабилен клуб за долги патеки“.
Текстот продолжува под рекламата
Се крои ли веќе план за наредната сезона?
„Секако дека имаме план и визија за оваа сезона. Љупчо Димитковски -Гањо, останува на чело на стручниот штаб, сега дополнет со Дејан Стојевски и неговите соработници од Фитнес клубот „Колектив“. Веќе се договорени три засилувања кои набрзо ќе ги обзнаниме. Но тука не застануваме, секако во договор со тренерот ќе доведеме уште неко засилување“.
Како ќе се одвиваат подготовките и дали има договорени подготвителни натпревари?
„Подготовките за новата сезона се веќе започнати. Како што веќе реков, играчите веќе почнаа физички подготовки со новиот тренер Дејан Стојевски. Официјалниот старт е закажан за 3 јули, и подготовките ќе се одвиваат во Велес, а досега имаме договорено пет подготвителни натпревари“.
Велес важеше за фудбалски град, како ќе ги вратите гледачите на трибините?
„Со почетокот на новата сезона, ќе пуштиме во продажба сезонски карти за сите оние што сакаат да го гледаат нивниот миленик по популарни цени. Исто така, во план сме со отварање на фан-шоп штанд кој ќе се наоѓа на влезот од стадионот, и секој кој ќе сака ќе може да купи маица, шал, капа, шолче, со логото на клубот.
Еден од главните проблеми во спортот се финансиите, како се справувате Вие на тој дел, дали ви помога Општината ?
Борец 1919 АД чекори напред на секој план, организациски и резултатски. Изминатиот период се подмируваа долгови од претходната управа, и тие побарувања 95 отсто се веќе подмирени. Тековно се подмируваа и фудбалерите со плати и премии. Имаме одлична соработка со Општина Велес и градоначалникот Марко Колев, кој несебично го помага клубот. Преговараме со неколку компании надвор од Велес кои сакаат да помогнат финансиски, за да имаме подобри резултати во новата сезона. Секако дека ги повикуваме и сите велешки стопанственици кои се вљубеници во фудбалот да помогнат колку што можат за доброто на градот“.
Можеби ќе ве интересира: