СДСМ има нов претседател, тоа е неврохирургот Венко Филипче

venko filipcе
venko filipcе

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде кормилото во СДСМ, дознава Телма.

Членство му даде поддршка на Филипче на вонредните внатрепартиски избори на кои силите ги одмери со Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, и Александар Бајдевски, поранешен заменик министер во МИОА.

Agria

Денешните избори на кои победи Филипче следуваа по поразот на СДСМ на парламентарните избори во мај, на кој освои само 18 пратеници и по седум години на власт замина во опозиција. Пратеничко столче доби и Венко Филипче.

Филипче е неврохирург кој во политиката сериозно загази во 2017 година, кога му беше доверен ресорот Здравство.

Тој е пред сериозен предизвик како да ја врати СДСМ на партиските шини и да ја направи силна опозиција, а во кампањата се осврна на обединувањето како предуслов за успешно закрепнување на СДСМ и спречување на натамошни поделби.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: