Реклама

За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-95

Tocenje benzin

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 % во однос на одлуката од 28.6.2024 година.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,080 ден/кг.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Од ноќеска на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 83 денари за литар, литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 85 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 76,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 75 денари за литар, а се зголемува и малопродажната цена на мазутот кој од полноќ ќе се продава по цена од  48,008 денари за килограм.

Можеби ќе ве интересира: