Македонскиот репрезентативец во кајак спуст, велешанецот Кристијан Лазаров обезбеди пласман во финалето на Европско првенство за јуниори кое се одржува во Даленвил, Швајцарија.
Содржината продолжува под рекламата
Тој уште по првото возење заврши на 12 позиција и навести дека може да се најде меѓу првите 15 места кои водат во финалната трка, што го потврди со 9 место во второто возење.
Содржината продолжува под рекламата
Благој Гугинов не успеа да обезбеди пласман во финалето откако по првото возење заврши на 25 место, додека во втората трка заврши на 30 место. Финалето ќе се вози утре.
Можеби ќе ве интересира: